АТИНА

Термин: 29 Декември

1 ДЕН  СКОПЈЕ – АТИНА

 Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 ДЕН  АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера со фолклорна програма. Ноќевање.

3 ДЕН  АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Дочек на Нова Година на градскиот плоштад.  Враќање во хотел. Ноќевање.

 4 ДЕН  АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место  Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

05 ДЕН СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 25.11.2016 –  109€ / 6.760ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119€ /7.380ден

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Автобуски превоз на наведената релација

– Сместување на база  2 НП во хотел 3*

– Разглед на градот

– Организација на аранжманот и пратител на групата

– Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип, Велес

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Задолжително патничко осигурување 150 ден

– Факултативна посета на Пелопонез (30 €)

– Вечера во Таверна (35€)

– Посета на Пиреј и Сунион (10€)

– Влезници за локалитетите и други факултативни посети

– Доплата за еднокреветна соба 2.480 ден

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ТА МЕТФИЛ

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, заради недоволен број на патници или виша сила.

*Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање.