БЕЛГРАД

БЕЛГРАД

1 ден (10.03.2018) Кочани – Белград
Поаѓање во 00:00 часот на договорено место. Се поминува преку граничниот премин Табановце на Македонско – Српска граница. Се патува покрај Ниш, Параќин, Велика Плана со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Панорамско разгледување на градот при што ќе се види: Славија, Белиот двор, Терезија, Булеварот на Крал Александар, Собранието, Црквата Св. Марко, плоштадот на Републиката, Студентскиот плоштад, Народниот театар, Народниот Музеј, Калемегдан, Кнез Михајлова, Мостовите на Сава, Нов Белград и др. По разгледот сместување во Хотел и краток одмор. Навечер, прослава на денот на жената со вечера во ресторан. Ноќевање.

2 Дeн (11.03.2018)  Белград Нови Сад – Outlet ИнџијаКочани
Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за факултативна посета на Нови Сад при што следува прошетка по центарот на градот : Плоштадот на Слободата, Градската куќа, зградата на Српскиот Народен театар, Градската црква, Петроварадинската тврдина… Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови поаѓање за Белград, попатно посета на шопинг центарот – Outlet Инџија. Слободно време за шопинг.Враќање за Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Кочани после полноќ.

Цена на аранжманот:  3.650,00 денари

 

Во цената e вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација според програмата;
  • Сместување во хотел со 3 * на база ноќевање со појадок;
  • Панорамско разгледување на Белград со локален водич
  • Пратител на групата во текот на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • Здравствено патничко осигурување – 100 денари, за лица над 65 год – 200 денари
  • Свечена вечера во ресторан со жива музика (неограничено пијалоци) – 620 денари (минимум 35 патници, се плаќа во агенцијата)
  • Факултативна посета на Нови Сад – 620 денари ( мин. 30 патника, се плаќа во агенцијата)
  • Такса за престој – 100 денари (се плаќа во агенцијата)
  • Влезници и индивидуални трошоци

 

НАПОМЕНИ:
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 7 дена пред поаѓање.

– При резервација на аранжманот се уплатува 30%,остатокот од аражманот се доплатува  10 дена пред поаѓање.

– Доплата за single room 1900 денари

– За овој аранжман важат општите услови на ТА МЕТФИЛ и СКТМ.

– МОЖНОСТ ЗА ПАТУВАЊЕ СО ЛИЧНА КАРТА