БУКУРЕШТ

БУКУРЕШТ
Бран –Брашов
5 дена/ 2 ноќи/автобус

1 ден 01.03.2018 (четврток) Скопје/Штип – Букурешт
Поаѓање за Букурешт во 17.30 часот од Штип – паркингот пред Новата Пошта, во 19:00 од Скопје, паркингот пред хотел Вип. Ноќно патување преку Софија, Русе со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 02.03.2018 (петок) Букурешт
Пристигнување во Букурешт во утринските часови, главниот град на Романија познат и како Мал Париз. Разглед на градот со локален водич: Парламентот и архитектонскиот комплекс Куртлија – најстариот дел од Букурешт, кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владетел Влад Тепеш – Дракула. Разглед на најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Ateneum – седиштето на филхармонијата, некогашната Кралска палата, Националниот музеј за историја, Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден 03.03.2018 (сабота) Букурешт – Синаја – Бран – Брашов –Букурешт
Појадок. По појадокот се заминува на целодневен излет до Кралскиот Дворец Пелеш, најубавиот дворец во Европа, некогашна летна резиденција на Романските Кралеви и Дворецот на Дракула -Бран каде ќе ја дознаете вистинската приказна за легендарниот гроф Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар и можност за индивидуална посета на познатата Црна Црква од XIVвек,
најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во Букурешт. Ноќевање.

4 ден 04.03.2018 (недела) Букурешт – Штип/Скопје
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на шопинг центар Afi Cotroceni. Поаѓање за Македонија. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

5 ден 05.03.2018 ( понеделник ) Скопје/ Штип
Пристигнување во Скопје/ Штип во раните утрински часови.

Цена: 6.500,00 денaри

Во цената на аранжманот е вклучено:
 превоз со туристички автобус
 појадок во режија на агенцијата – првиот ден
 2 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Букурешт
 разглед на Букурешт со локален туристички водич
 организација и водство на програмата со лиценциран придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
 целодневен излет до Синаја со дворецот Пелеш ), Бран со дворецот на Дракула и Брашов
(превоз + влезници) – 35 евра (минимум 35 лица за реализација, пријавување при резервација на
аранжманот )
 патничко осигурување – 200 денари (задолжително)
 влезници за културно-историските споменици

Општи напомени:
– ТА Метфил го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично,
да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или
културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите,
расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

Пријавување до 15.02.2018

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!
Важат општите услови за патување на Т.А. Метфил и СКТМ