СОКОБАЊА

СОКО БАЊА

СО ВКЛУЧЕНА ОСМОМАРТОВСКА ВЕЧЕРА

1 ден      02 март Кочани – Сокобања

Состанок на групата пред судот во Кочани во 07:00 часот. Поаѓање за Велес / Скопје во 07:15 часот. Преземање на патниците од Велес во 08:15 часот, од Скопје пред хотел Вип во 08:45 ч., поаѓање за Србија во 09:00 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце. Попатна пауза за одмор во Предејане. Се продолжува кон Сокобања. Пристигнување во пладневните часови. Сместување во хотел. Ручек. Потоа прошетка низ центарот на Сокобања со разглед на Милошев конак, турска бања – амам, музејот… Слободно време за одмор. Вечера ( стандардна со музика). Ноќевање.

2 ден      03 март Сокобања

Појадок. По појадокот прошетка до излетничкото место Лептерија и до стариот град Сокоград . Враќање во хотелот. Ручек. Попладне слободно време за индивидуални активности. Вечерта, прослава на денот на жената 8 ми март во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

3 ден      04 март Сокобања – Кочани

Појадок. По појадокот подготовка за заминување и пауза за кафе. Во попладневните часови враќање за Македонија. Пристигнување во Кочани во вечерните часови.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  4.300 денари

Можност за уплата на рати !

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Ноќевање во хотел – два полни пансиони;
  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус;
  • Свечена 8мо мартовска вечера на 03.03.2018 со жива музика и неограничени локални пијалоци
  • Организиран разгледи со локален водич до центарот на Соко Бања, Лептерија и Сокоград
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Здраствено патничко осигурување – 100 денари (за лица над 65 години – 200 денари)
  • Деца од 2 – 12 години кои користат сопствено легло плаќаат 70% од цената

Мени за свечената вечера:

  • Ладно предјадење
  • Пита зелјаница со кисело млеко
  • Скара 2 парчиња (350 гр.)
  • Домашна погача, сезонска салата
  • Баклава

 Напомена: Рок за пријавување до 25 февруари 2018 г.

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници

Со оваа програма важат општите услови на патување на ТА Метфил – Кочани

 

ПАТУВАЈТЕ СО Т.А . М Е Т Ф И Л