Америчка виза

usa

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АМЕРИЧКА ТУРИСТИЧКА ВИЗА:

Од АМЕРИКА (Од ГАРАНТОРОТ)

  1. Гаранција за туристичка посета (STATUTORY DECLARATION) во која се гарантира вашето сместување, финансиската помош, трошоците за (евентуално) лекување и изјава дека ќе ја напуштите Америка пред истекот на визата;

  2. Фотокопија од државјанство или од Америчката постојана виза на гаранторот и копија од пасошот;

  3. Изводи од банка (further evidence of founds или evidence of access to funds);

  4. Договор за поседување на куќа/стан;

  5. Податоци од фирмата каде се вработени (адреса, телефон, е-маил);

  6. Извештај од банка за состојба на сметката.

Од Р.МАКЕДОНИЈА (Од АПЛИКАНТОТ)

Ако сте вработен/а:

  1. Потврда (The Confirmation Page) со бар кодот од пополнет формулар ДС-160;

  2. Пасош со важност минимум една година (копија);

  3. Една фотографија во боја од 5 x 5 см (или 2 x 2 инча) не постара од 6 месеци. Фотографијата мора да ги исполнува следните барања: апликантот мора да биде свртен кон апаратот со откриени уши, очилата не смеат да имаат отсјај, ниту пак да бидат затемнети и не е дозволена прекривка на главата (освен доколу се носи од религиозни причини). Позадината на фотографијата треба да биде бела;

  4. Извод на родените – меѓународен;

  5. Извод на венчаните – меѓународен;

  6. Образец М1/М2;

  7. Решение за годишен одмор;

  8. Потрвда од фирма за постоен работен однос;

  9. Извештај од банка за состојба на сметката (доказ за финансиски средства) на англиски;

  10. Имотен лист на англиски;

  11. Апликантите може, ако сакаат, на разговорот да донесат и истечени пасоши, особено ако содржат доказ за меѓународни патувања или претходно издадени визи за САД;

  12. Резервација за авионски билет;

  13. Резервација за хотелско сместување.

Ако сте студент/ка или ученик/чка:

  1. Потврда од факултетот за редовен студент или училиште за ослободување од настава ако е во учебна година – на англиски;

  2. Уверение за студентски статус;

  3. Индекс.

Ако сте пензионер/ка:

  1. Потврда од фондот за пензионери – на англиски;

  2. Резервација на повратна авионска карта;

  3. Извод од матична книга на венчани;

  4. Документи за потврдување на имотно материјална состојба на молителот;

  5. Чек за извршена уплата на такса;

  6. Патничко здраствено осигурување за лица над 65 години.