Англиска/британска виза

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АНГЛИСКА/БРИТАНСКА ТУРИСТИЧКА ВИЗА:

Од АНГЛИЈА/В. БРИТАНИЈА (Од ГАРАНТОРОТ)

  1. Гаранција за туристичка посета (STATUTORY DECLARATION) во која се гарантира вашето сместување, финансиската помош, трошоците за (евентуално) лекување и изјава дека ќе ја напуштите Англија пред истекот на визата;
  2. Фотокопија од државјанство или од Англиска постојана виза на гаранторот и копија од пасошот;
  3. Изводи од банка (further evidence of founds или evidence of access to funds).
  4. Договор за поседување на куќа/стан;
  5. Податоци од фирмата каде се вработени (адреса, телефон, е-маил);
  6. Покана за закажана свадба или друг повод;
  7. Извештај од банка за состојба на сметката.

 

Од Р. МАКЕДОНИЈА (Од АПЛИКАНТОТ)

  1. Потврда за уплата на таксата за обработка на молбата;
  2. Своерачно потпишан пасош, со важност минимум една година;
  3. 2 фотографии;
  4. Извод од родени не постар од 4 недели (преведен на англиски или интернационален);
  5. За лица кои се во брак, да се достави венчаница не постара од 4 недели (преведен на англиски или интернационален);
  6. Потврда за примања за последните 3 месеци;
  7. Пpотврда за должината на работниот стаж и висината на месечните примања и изјава дека продолжува со работа по враќањето од Англија;
  8. Доказ за посредување на одредени недвижности;
  9. Ако сте сопственик на фирма, евиденција за регистрација на фирмата;
  10. Ако вашиот брачен другар е во работен однос, доказ за висината на неговите месечни примања;
  11. Резервација за повратен авио билет;

Ако сте студент/ка или ученик/чка:

  1. Потврда од факултетот за редовен студент или потврда од училиште дека сте редовен ученик, училиште за ослободување од настава ако е во учебна година – на англиски;
  2. Уверение за студентски статус;
  3. Индекс;
  4. За деца под 18 г. старост кои патуваат сами или со еден од родителите, потребна е согласност од двајцата родители потпишани лично;

Ако сте пензионер/ка:

  1. Чек од последната пензија;
  2. За лица постари од 70 години се доставува потврда од матичен лекар дека лицето е способно за патување;
  3. Здравствено патничко осигурување;
  4. Ако посетувате близок роднина (родител, брат, сестра…) се доставуваат и нивните изводи на родени – оригинал;

Времетраење на постапката за добивање на виза: 3 недели – 5 недели;

Сите приложени документи треба да бидат во оригинали или заверени фотокопии и документите кои не се на англиски јазик треба да се приложат со оверен превод.