Австралиска виза

avstralija

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АВСТРАЛИСКА ТУРИСТИЧКА ВИЗА:

Од АВСТРАЛИЈА (Од ГАРАНТОРОТ)

  1. Гаранција за туристичка посета (STATUTORY DECLARATION) во која се гарантира вашето сместување, финансиската помош, трошоците за (евентуално) лекување и изјава дека ќе ја напуштите Австралија пред истекот на визата;

  2. Фотокопија од државјанство или од Австралиската постојана виза на гаранторот;

  3. Изводи од банка (further evidence of founds или evidence of access to funds).

Од Р. МАКЕДОНИЈА (Од АПЛИКАНТОТ)

  1. Потврда за уплата на таксата за обработка на молбата, која изнесува 160 Евра;

  2. Своерачно потпишан пасош, важечки за целиот планиран престој во Австралија;

  3. Копија од лична карта;
  4. 4 фотографии;

  5. 1 формулар;

  6. Извод од родени не постар од 4 недели (преведен на англиски);

  7. За лица кои се во брак, да се достави венчаница не постара од 4 недели;

  8. Потврда за примања за последните 3 месеци;

  9. Пpотврда за должината на работниот стаж и висината на месечните примања и изјава дека продолжува со работа по враќањето од Австралија;

  10. Доказ за посредување на одредени недвижности;

  11. Ако сте сопственик на фирма, евиденција за регистрација на фирмата;

  12. Ако сте пензионер, чек од последната пензија;

  13. Ако сте ученик/студент потврда од училиште/факултет дека сте редовен ученик/студент, дека е одобрено отсуство од наставата. За студенти и индекс (оригинал);

  14. За деца под 18 г. старост кои патуваат сами или со еден од родителите, потребна е согласност од двајцата родители потпишани лично;

  15. Ако вашиот брачен другар е во работен однос, доказ за висината на неговите месечни примања;

  16. За лица постари од 70 години се доставува потврда од матичен лекар дека лицето е способно за патување;

  17. Здравствено патничко осигурување;

  18. Ако посетувате близок роднина (родител, брат, сестра…) се доставуваат и нивните изводи на родени – оригинал;

  19. Резервација за повратен авио билет;

  20. Времетраење на постапката за добивање на виза: 3 недели – 5 недели;

  21. Сите приложени документи треба да бидат во оригинали или заверени фотокопии и документите кои не се на англиски јазик треба да се приложат со оверен превод.

Документите се поднесуваат во Амбасадата во Белград.