Канадска виза

canada

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА КАНАДСКА ТУРИСТИЧКА ВИЗА:

Од КАНАДА (Од ГАРАНТОРОТ)

    1. Гаранција од спонзорот во Канада, со која гарантира дека ги презема сите трошоци на престојот и дека сигурно ќе се вратите во матичната земја;

    2. Фотокопија од доказот за иселеничкиот статус на гарантот;

    3. Писмо од работодавачот на гарантот со неговите примања.

Од Р.МАКЕДОНИЈА (Од АПЛИКАНТОТ)

  1. Важечки пасош;

  2. 2 фотографии (формат 35х50, бела позадина),

Ако сте вработен/а:

  1. Потврда од работа со работно место и износ на месечна плата;

  2. Решение за годишен одмор.

Ако сте студенти/ученици:

  1. Индекс/книшка;

  2. Потврда од факултет за редовен студент или училиште за ослободување од настава ако е во учебна година.

Ако сте пензионер/ка:

  1. Потврда од пензијата (чек од последната пензија или решение од Фонд за Пензиско и Инвалидско осигурување);

  2. Резервација на повратна авионска карта;

  3. Извод од матична книга на венчани;

  4. Документи за потврдување на имотно материјална состојба на молителот;

  5. Чек за извршена уплата на такса;

  6. Патничко здраствено осигурување за лица над 65 години.

СИТЕ НАВЕДЕНИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРЕВЕДЕНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК