Патничко осигурување

Eurolink1

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје е осигурителна компанија формирана во 2002 година како директна странска инвестиција со висок основачки капитал од 3,2 милиони ЕУР, втор по висината на македонскиот осигурителен пазар.

Додека туристички или деловно ја посетувате некоја земја во странство, разни непредвидени проблеми можат да Ви ги пореметат Вашите планови. Но, со полисата за здравствено патничко осигурување на Еуролинк, тие проблеми можете лесно да ги надминете.

ЗОШТО ПОЛИСА ОД ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ?

Најшироко покритие на ризици и можност да изберете само ризици кои вам ви се потребни;

  •  Целосна заштита на вашата сопственост;
  •  Полисата е прилагодена според Вашите потреби;
  • Стекнатите бонуси за немање штети кај друг осигурувач се преземаат во Еуролинк Осигурување;
  • Избор на франшиза по ваша желба, со соодветно намалување на премија за осигурување;
  • Обезбедени се попусти за поседување повеќегодишни осигурувања, пакет осигурувања;
  • Едноставна и брза процедура до полиса и нејзина достава до место по ваш избор, локација што вам ви одговара;
  • Достапни 24 часа на ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината;
  • Ги покрива на трошоците при загубен или оштетен багаж;
  • Реално, целосно и навремено обесштетување.

Што треба да направите во случај на незгода или болест додека сте во странство?

  • Јавете се на Еуролинк 24, +389 2 15 888, или испратете факс на +389 2 32 89 355, или на e-mail: eurolink24@eurolink.com.mk и побарајте помош;
  • Дајте ги информациите што ќе Ви ги побара координаторот во ЕУРОЛИНК 24 и следете ги неговите инструкции, давајќи ги податоците за себе (име и презиме, телефонскиот број на кој да Ве повикаат, бројот на полисата на осигуреникот, број на пасош на осигуреникот, матичен број на на осигуреникот, што ви се случило, адреса и телефонски број од местото каде што престојувате и сл.).

*Доколку постојат какви било причини, независни од Вас, што го спречуваат неодложеното јавување (поради природата на болеста или повредата), Ве молиме да ја известите осигурителната компанија Еуролинк најдоцна за 24 часа од настанувањето на случајот.