За Нас

За Нас 2018-06-06T22:16:01+02:00

Почитувани пријатели, соработници и долгогодишни наши клиенти,

Чест ни е и задоволство да Ви го презентираме работењето на нашата агенција.

Т.А. Метфил е лиценцирана туристичка агенција за вршење на туристички услуги во и надвор од земјата, која веќе функционира од 1992 година. Поради промената на законот за туризам од 2003 година, како и со последните измени на истиот од 2011 година, Т.А. Метфил се стекна со А лиценца од страна на Министерство за економија на Р.Македонија.

Своите први чекори во туризмот ги направивме во 1992 година. Името МЕТФИЛ многу бргу стана синоним за висок квалитет, со очигледна функционална содржина, пружајќи им на своите клиенти широка лепеза на услуги како на територијата на Р. Македонија, така и на територијата на Грција, Турција и Бугарија. Низ годините нашиот асортиман го проширивме со организирање на патувања и во други држави.

Нашата агенција со работа, труд, посветеност и професионализам воспостави извонредни односи со сите сервис провајдери со цел да се задоволат Вашите потреби.

Во моментов можеме да Ви ги понудиме следните услуги:

  • Сместување во хотели и апартмани низ целиот свет,
  • Издавање на авио и автобуски билети до сите дестинации,
  • организирање на ексурзии во и надвор од земјата,
  • продавање на билети за спортски и музички манифестации надвор од земјата,
  • Изготвување на здраствено патничко осигурување,
  • Организирање семинари, симпозиуми, конгреси и саеми,
  • Изнајмување на автобус /минибус ,
  • RENT-A-CAR,
  • Посредување за вадење визи за Австралија, САД, Канада итн.

Со цел полесно да одговориме на интересите и барањата на своите клиенти, во 2007 година Т.А. МЕТФИЛ се прошири во дејноста со отварање на подружница во Скопје, на ул. Димо Хаџи Димов бр. 50.

Благодарејќи на своето долгогодишно искуство во областа на туризмот, искусниот и љубезниот персонал секогаш Ви стоиме на располагање за да ви помогнеме заедно да го испланирате вашето патување од соништата.